Експертскиот тимот на Android Headlines уредот на Huawei го опишува како крал помеѓу батериите

Интелигентниот телефон Huawei Mate 10 Pro е прогласен за „паметен телефон на годината“, на интернет порталот Android Authority во категоријата „Најдоброто од Android во 2017 година“, а во исто време ја освои и наградата за „Најдобар животен век на батерија за 2017 година“ доделена од страна на порталот Android Headlines.

Huawei Mate 10 Pro докажува дека извонредноста не се манифестира само со исклучителни карактеристики, туку со постојан квалитет во текот на целата година. Едноставно кажано, Mate 10 Pro е вистински шампион, пренесува порталот Android Authority. Категоризацијата се базира на анализа на осум различни компоненти, како што се екран, звук, камера, батерија, перформанси и вредност за парите. Mate 10 Pro е прв во категоријата на батерии, исто како и во категориите на екран, звук и корисничко искуство.

Што се однесува до наградата „ Најдобар животен век на батерија за 2017 година“, експертскиот тим на Android Headlines уредот на Huawei го опишува како крал помеѓу батериите. Порталот, исто така, го фали Mate 10 Pro за можноста за брзо полнење и оптимизиран софтвер, како и процесорот на Huawеi, Kirin 970 кој е енергетски поефикасен од неговите претходници.

„Чест ни е што Mate 10 Pro е препознаен како паметен телефон на годината и освои толку многу награди. Тие докажуваат дека сите наши напори да се посветиме на изнаоѓање начини на корисниците да им обезбедиме совршеност, перформанси, интуитивна употреба и достапност на производот не беа залудни. Можете да очекувате и повеќе од ова во нашите идни производи“, вели Џеки Жао, директор на Huawei за Адриатик регионот.