Huawei Mate 10 и Huawei Mate 10 Pro доаѓаат со вештачка интелигенција

0

Паметните телефони со првиот Kirin AI процесор во светот донесуваат побрзо и персонализирано мобилно искуство.

Huawei ја претстави серијата на паметни телефони Huawei Mate 10, за кои велат дека се најпаметни помеѓу паметните телефони. Huawei Mate 10, Huawei Mate 10 Pro и Porsche Design Huawei Mate 10 се уреди кои ја донесуваат вештачката интелигенција во паметните телефони, а комбинираат иновативен хардвер и нова технологија на двојна камера Leica.

„Како што влегуваме во ерата на интелигенција, AI повеќе не е виртуелен концепт, туку нешто што се испреплетува во нашиот секојдневен живот. AI може да го подобри корисничкото искуство, да обезбеди вредни услуги и да ги подобри перформансите на уредот“, вели Ричард Ју, главниот извршен директор на Huawei Consumer Business Group. „Серијата Huawei Маtе 10 ја претставува првата специфична мобилна вештачка интелигенција Neural Network Processing Unit, што претставува почеток на нова ера на паметни телефони.

Huawei Mate 10 и Huawei Mate 10 Pro се првите уреди во кои е сместен новиот Kirin 970 процесор што донесува побрзо и поперсонализирано мобилно искуство. Новиот процесор Kirin 970 е направен со помош на напредниот TSMC 10nm полупроводен производен процес, а содржи 8-јадрен ARM Cortex CPU, досега никогаш виден G72 12-јадрен GPU како и првиот NPU дизајниран специјално за мобилни уреди. Kirin 970, исто така, содржи и нов двоен ISP за фотографија која работи со вештачка интелигенција.

Специјализираниот NPU, во комбинација со иновативнита Huawei HiAi мобилна компјутерска платформа, овозможува процесорот Kirin 970 да постигне 25 пати подобри перформанси и 50 пати поголема енергетска ефикасност за задачи поврзани со вештачка интелигенција, во споредба со 4-јадрениот Cortex-A73. Серијата Huawei Mate 10 е исто така серија која поддржува супербрза LTE конекција и преземање на податоци. Уредите доаѓаат со првата Dual 4G SIM поддршка во светот.

Со целосно новиот екран Huawei FullView, Huawei Mate 10 содржи 5.9-инчен 16:9 екран, скоро невидлива рамка на екранот и HDR10, додека 6-инчниот Huawei Мате Pro 10 има 18:9 OLED екран и HDR10. На двата уреди, применет е 3D стаклен дизајн прилагоден за ергономско „легнување“ на дланката. Да не заборавиме дека Mate 10 Pro е отпорен и на вода и на прашина.

Huawei повторно соработувал со Leica и направил камера со две леќи за Mate 10 и Mate 10 Pro. Камерите комбинираат 12-мегапикселни сензори, оптички стабилизатор (OIS), двојни леќи со најголем отвор во светот од f / 1.6 како и Вokeh ефект и дигитален зум управувани со помош на вештачката интелигенција. AI овозможува снимање сцени во реално време и препознавање на објекти, па така сетирањата на камерата автоматски се прилагодуваат на врз основа на објектот и позадината кои се фотографираат. Камерата поддржува напреден AI дигитален зум со детектор на движење за појасни и поостри фотографии.

Mate 10 и Mate 10 Pro се опремени со батерија од 4000 mAh која го поседува системот Smart Battery Management. Неговата главна особина е разбирање и следење на корисничките навики и паметно распределување на ресурсите за да се зголеми животниот век на батеријата. Батеријата поддржува брзо полнење, што значи овозможува полнење на батеријата од 1 до 20 проценти за само 10 минути, односно од 1 до 58 проценти за 30 минути. Покрај тоа, Huawei SuperCharge е прва технологија на брзо полнење во светот, која има добиено TÜV Fast-Charge Safety сертификат, гарантирајќи безбедно полнење.

Mate 10 и Mate 10 Pro ќе бидат првите мобилни уреди со новиот EMUI 8.0 интерфејс, кој ќе работи на Android 8.0. Да дополниме уште некои важни работи, а тоа е AI механизмот кој во целост ги искористува можностите на Kirin 970, и обезбедува побрзо и попрецизно поврзување на новата серија Mate 10 уреди со поголем екран и поддршка за целосно доживување на работната површина, како на пример mirroring или проширување на smartphone екранот како на персонален компјутер.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »