Хамилтон: Му се восхитувам на Алонсо, но јас во Indy не сакам

0

Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон, вели дека не би можел да пропушти трка во Formula 1 за да се натпреварува во друга серија

Фернандо Алонсо оваа година возеше на Индијанаполис 500, токму викендот, кога на програмата беше Големата награда на Монако. Шпанецот, кој ја продолжи соработката со McLaren, следната година веројатно ќе дебитира и на 24 часа Ле Ман.

И покрај тоа што му дава подршка на планот на Алонсо, Британецот не смета дека тоа е добра идеја.

„Ме воодушевува тоа што го сака Алонсо, но за мене Формула 1 е максимално искуство што еден возач може да го има. Одличен возач, ако не може да победи во Formula 1, ќе бара други трки во кои може. Но, да го видиш Алонсо на петто место во Индијанаполис 500 против возачи кои се таму цела година е секако интересно“, вели Хамилтон.

Четирикратниот светски шампион пред два месеца за својот недостаток на желба да учествува на трките кои заедно со Монте Карло ја чинат тројната круна во авто-мото спортот, изјави дека е вистинска штета. Покрај ГН на Монако, во големата тројка се и 24-часа Ле Ман и Индианаполис 500. Единствениот човек кој успеал да победи на сите три трки е Грејем Хил.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »