Гордоста на Fiat продадена во 1.000.000 примероци

0

Fiat Panda, најдобро продаваниот мал автомобил во Европа во 2016 година, обележи значаен јубилеј.

Едно е сигурно – Fiat отсекогаш знаел да направи успешен мал автомобил. Потврдата доаѓа од фабриката G. Vico Pomigliano d’Arco, во е произведен 1-милионитиот примерок на Panda од третата генерација.
Во исто време, бројот на продадени Panda примероци од сите три генерации достигна импресивна бројка од 7,5 милиони.

Најпопуларниот автомобил во Италија во последните пет години, и европски бестселер во својот сегмент од 2016 година, на пазарот се појави во 1980 година.

Првата генерација е пионер во својата класа кога станува збор за некои технички решенија. Panda 4×4 се појавува во 1983 година, како прв модел од најмалиот сегмент на автомобили кој има погон на сите тркала. Три години подоцна, тој станува и првиот автомобил во својот сегмент со дизел мотор.

Втората генерација пристигнува во 2003 година и е прогласена за „Европски автомобил на годината за 2004 година“, и е прв модел од најмалата класа што ја добил оваа награда.

Две години подоцна, Panda го добива првиот бензински-метан мотор во својот сегмент. Од 2007 година, овој модел е исто така најпродаван европски автомобил со мотор кој може да користи метан (природен компримиран гас) покрај бензин.

Сегашната трета генерација се појави во 2011 година, а денес е достапна во неколку верзии, со бензински и дизел мотори, како и во варијанти бензин-метан и бензин-ТНГ (течен нафтен гас).

Традицијата од првата генерација е продолжена, па така и оваа сегашна верзија има 4×4, но „поблага“ теренска Cross варијанта. Јубилејниот, милионити автомобил од третата генерација е токму бела Panda Cross со бензински мотор од 1.2-литри со 69 КС и е наменет за купувач од домашниот италијански пазар.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »