Американскиот производител на автомобили е сопственик на необичен Гинисов светски рекорд

Ford во мадрид го постави најголемиот рекламен билборд во светот, кој покрива дури 5.265 квадратни метри.

На билбордот кој е поставен преку целата предна фасада на зградата Edificio España во главниот град на Шпанија, се рекламира новиот Ford EcoSport за европскиот пазар.

Тежината на платното на кое е отпечатена рекламата е 2.000 кг, а површината одговара на површината од околу 20 тениски игралишта.

Претходниот најголем билборд во светот, според Гинис, бил поставен во Даран, Саудиска Арабија, и бил помал за околу 240 квадратни метри.