Германските автомобилски гиганти уплашени од Трамп

0

Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД може да има последователно негативен ефект врз германската автомобилска индустрија, коментираа првиот човек на Volkswagen Матијас Милер и VDA – асоцијацијата на локалните производители.

ford-mexico

Републиканскиот кандидат, кој изненадувачки стигна до местото претседател на САД, за време на кампањата се закани дека ќе воведе царина за увозот на автомобили од Мексико, за да се заштити американската индустрија. Volkswagеn има две фабрики во Мексико, а BMW во моментов гради свој погон. Интересно е дека фабрики на мексиканска земја имаат и американските гиганти GM (4), Chrysler и Ford (по 3), како и Nissan и Honda.

„Непријатно е дека под водство на новиот претседател, САД би можеле да се фокусираат главно на сопствената економија, за сметка на меѓународните трговски текови и односи“, се вели во соопштението на VDA, цитирано од Automotive News. Акциите на европските производители загубија во просек 2.6 од вредноста по изборните резултати.

trump

Во моментов во Мексико се произведуваат една шестина од сите автомобили за северноамериканскиот пазар, а со изградбата на новите капацитети, оваа бројка ќе достигне до една четвртина до 2020. Трамп ова го изјави како одговор на одлуката на Ford линиите за сите свои компактни модели да ги префрли јужно од границата.

Инвестицијата на BMW во мексиканската фабрика во Сан Луис чини вкупно 2,2 милијарди долари. Audi пак буквално пред еден месец ја отвори својата фабрика во Сан Хозе Чиапа во вредност од 1,3 милијарди долари. Daimler планира во 2018 да започне да составува автомобили Mercedes во новата мексиканска фабрика (заедничко вложување со Renault-Nissan) во вредност од 1 милијарда долари.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »