Galaxy X: Оружјето на Samsung во борбата со Apple

0

Ова би можело да биде една од највозбудливите години за пазарот на паметни телефони во последно време – досега се презентирани голем број на напредни модели (на пример, новата Sony Xperia, LG G6, 10-ките на Huawei, итн.), Но јасно е дека најдобро сеуште не е дојдено. Станува збор за, се разбира, за новите модели на iPhone и Galaxy S, кои би требало да донесат големи иновации во однос на моделите од минатата година, а нивната презентација, се очекува кон крајот на март (Samsung), односно септември кога традиционално Apple ќе ги претстави своите новитети.

Но, додека Apple е фокусиран исклучиво на новите модели на iPhone, инженерите на Samsung работат на сосема нов модел на паметен телефон кој може целосно да го промени на пазарот на мобилната телефонија – телефон со флексибилен екран. Според гласините, Samsung овој уред го развива со кодно име Project Valley, односно Galaxy X, а екранот на овој телефон ќе може лесно да се свитка (слично како телефоните на преклоп, само што во овој случај ќе може да се свитка целиот екран), така што димензиите на овој уред кога е склопен нема да бидат големи и лесно ќе може да се носи во џеб, а кога ќе се отвори ќе има голем екран. Ова може да биде и единствениот уред кој на корисниците ќе им овозможи да ги заменат телефоните и таблетите со еден уред и со тоа да се започне нов пазар (нешто слично што Samsung го направи со phablet-те кога го претстави Galaxy Note).

Ваков телефон звучи одлично во теорија, но како тоа навистина ќе изгледа треба да се дознае наскоро, бидејќи Samsung во третиот квартал од оваа година ќе започне со производство на прототипот Galaxyja X. Првите единици (оваа година можеме да очекуваме само неколку илјади парчиња) Samsung ќе ги подели на своите партнери за тестирање, но исто така и за привлекување на вниманието на медиумите и на корисниците, додека сериското производство и презентација на конкретни уреди може да се очекува во текот на следната година. Јужнокорејската компанија, наводно, „раниот прототип“ на овој телефон веќе го покажала на претставници на некои од најголемите мобилни оператори во светот во текот на последниот Светски мобилен конгрес, а можеби на следниот MWC за јавноста ќе претстави и конкретен уред.

Дополнителни информации за овој уред – како дијагонала на екран, процесор или цени не се познати.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »