Frankfurt IAA 2017: MINI Еlectric Concept / ФОТО + ВИДЕО

0

Британскиот MINI се подготвува да се приклучи кон електричната револуција во 2019 година, а патот кон таа насока започнува со воведување на новиот концепт на електрично возило. Овој концепт ни дава увид во тоа како електричниот MINI би можел да изгледа кога ќе се појави на пазарот за две години

Се базира на стандардниот MINI хечбек, но притоа е нешто поширок и повисок, со голем број мали детали кои сигурно го привлекуваат вниманието. Се разбира, ова се уште не е финалната верзија на автомобилот, но укажува на неколку идеи кои компанијата ги има кога станува збор за електрификацијата, од кои најинтересно е тоа дека автомобилот има спортски карактер. Затоа рачките на вратите се отстранети, а каросеријата е поаеродинамична.

На предната страна, се истакнува решетката сместена помеѓу фаровите и ги нагласува електричните способности на автомобилот, а жолтата линија со ознаката Е е таа пак која ја нагласува ширината на автомобилот. Предните светла се исто така прекрасно изведени, а внатре во нив е ознаката Е. Слични детали се гледаат и во задниот дел на автомобилот. Она што е особено привлечно се ретро алуминиумските фелни кои се дизајнирани со помош на 3D технологија.

Што се однесува до погонот, тој постои голема веројатност дека ќе биде превземен од BMW i3. Ова значи дека овој автомобил ќе може да помине пат од 300 километри со едно полнење и да забрза од 0 до 100 km/h за 7,5 секунди.

Потврдено е дека финалната верзија на овој модел ќе биде завршена до 2019 година и дека ќе се произведува во фабриката во Оксфорд, додека агрегатот ќе доаѓа од Германија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

ВИДЕО



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »