Frankfurt IAA 2017: Kia Proceed Concept / ФОТО

0

Kia на саемот во Франкфурт претстави концепт кој го најавува дизајнот на следната генерација на моделот Pro_Cee’d

Во Kia одлучиле да направат нов чекор напред во поглед на дизајнот на својот компактен модел, следејќи ги стилските детали кои ги видовме на почетокот на годината со спортскиот автомобил на корејскиот производител – моделот Stinger.

Концептот, кој беше својата официјална премиера ја има тековниот автомобилски саем во Франкфурт, изведен е во таканаречената форма Shooting Brake, иако Kia се воздржува од користење на овој термин.

Во корејската компанија, наместо тоа, го користат терминот „продолжен hot hatch# за да ја нагласат својата спортска димензија.

И, нависитина, поглед на концептот од профил открива динамична, по малку купе силуета на автомобилот, без Б столбови, со многу краток преден дел и големи 20 инчни алуминиумски тркала.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Бидејќи од Kia најавуваат дека концептот е вовед во следната продукциска генерација на Pro_cee’d, останува да се види дали сериската верзија ќе ја задржи атрактивната Shooting Brake каросерија.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »