Frankfurt IAA 2017: Honda Urban EV Concept

0

Дизајниран на сосема нова платформа, концептот Honda Urban EV го дава првиот увид во новите насоки на јапонската компанија кога станува збор за технологијата и дизајнот на идниот модел на батерии

Она што е одлично е дека Honda има завземено ретро пристап, за кој се надеваме дека ќе биде префрлен и на серискиот модел. Она што е уште поважно е дека сериската верзија на оваа студија е планирана за 2019 година, што е потврдено од страна на претседателот на Honda, Такахиро Хачиго за време на прес-конференцијата: „Ова не е визија за далечна иднина. Сериската верзија на овој автомобил ќе се најде во Европа во 2019 година“.

Концептот Urban EV потсетува на втората генерација на Civic, а по димензии е позициониран под моделот Jazz. Од Honda велат дека балансираните пропорции обезбедуваат „мускулест став“, што укажува на одредени спортски карактеристики.

Помеѓу двата тркалезни предни фара има екран кој проектира информации како што се поздравување, совети за други возачи итн. Рецептот е сличен и кога станува збор за задниот дел, каде што автомобилот го покажува моменталниот статус на батеријата.

Минималистичкиот внатрешен амбиент вклучува две клупи за четири патници, голема конзола со дрвена завршна обработка и екран што се протега зад инструменталната табла сè до вратата.

Централниот дел на овој екран дава информации за статусот на возилото, вклучувајќи ја автономијата, статусот на батеријата и потрошувачката на енергија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »