Frankfurt IAA 2017: Borgward Isabella Concept

0

Германскиот производител, Borgward, своите погони ги има затворено во 1961 година, за да се врати на сцената во 2015 година, благодарение на инвестиција од кинески компании

Компанијата со база во Штутгарт минатата година во Кина го лансираше SUV моделот BX7, а потоа и компактниот кросовер BX5 (на почетокот од оваа година). По успехот постигнат на кинескиот пазар, најавени се плановите за повторно влегување и во европската арена, а „асот од ракавот“ се вика Isabella Concept кој на саемот во Франкфурт ја имаше својата премиера.

„Isabella Concept е модерно толкување на легендарната и убава Borgward Isabelle“, изјави Андерс Вуркинг, член на одборот и главен дизајнер во Borgward Group AG. „Внимателно координираната форма на каросеријата со мазни транзиции создава совршена рамнотежа помеѓу заоблени органски форми и прецизни линии. Нашата цел е да создадеме стилска синергија помеѓу убавината и технологијата“.

Во педесеттите години на минатиот век, Isabelle била најпопуларниот модел на Borgward. Модерната интерпретација располага со чист електричен погон, со форма на каросеријата кој покажува дека инспирацијата била пронајдена во оригиналното 2+2 купе. Германскиот производител овој дизајн концепт го има наречено „импресија на протокот“. Во секој случај, интересен. Истакнатиот „нос“ е тука наместо традиционалната маска на ладилникот, а fastback формата на задниот дел јасно индицира на моделот од педесеттите години.

Кога станува збор за внатрешноста, тука е применет минималистички пристап со стаклен кокпит со дигитални дисплеи и контрола со допир на скоро сè, освен управувањето, педалите за гас и сопирање. Што се однесува до погонот, детали не се обелоденети, освен дека станува збор за електрична енергија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »