Frankfurt IAA 2017: BMW X7 iPerformance SUV Concept

0

Новото лице на BMW X семејството

BMW на салонот за автомобили во Франкфурт претстави нов концепт од семејството Х по името X7 iPerformance. Станува збор за модел кој ќе дебитира во 2018 година, а BMW ни открива што можеме да очекуваме од новиот модел во нивната SUV гама.

Без оглед на тоа што изгледа како теренско возило, BMW новиот концепт X7 iPerformance го опишува како SAV, или автомобили кој личи на SUV, но нема off-road аспирации.
Веќе самиот изглед, моделот го поврзува со Land Rover моделите, а причина за тоа е тоа што дизајнот на возилата го работел истиот тим. Од друга страна, користена е веќе постоечката BMW CLAR платформа, на која е изградена и BMW Серија 7.

Новиот концепт има три реда на седишта, може да смести шест патници, а производствената верзија се очекува да најде место и за седми патник. Внатрешноста на моделот е футуристичка, со голем број на екрани пред возачот, совозачот, но и вториот ред на седишта.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

BMW не откри премногу детали за погонот, но се очекува дека во 2019 година, кога ќе стигне на пазарот, ќе биде достапен со реден 6-цилиндерски и V8 мотор, како и во plug-in хибридна опција.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »