Frankfurt IAA 2017: BMW i Vision Dynamics Concept / ФОТО

0

Баварците велат дека концептот ќе се материјализира во серискиот модел

BMW ветува дека BMW i Vision Dynamics, кој има премиерен настап на саемот во Франкфурт, не само што нуди поглед во иднината на електричната мобилност, туку исто така, обезбедува ново ниво на спортска елеганција, а сето тоа би требало да прерасне во модел со сериско производство, позициониран помеѓу i3 и i8. BMW до 2025 година планира да лансира 25 електрифицирани модели, од кои 12 ќе бидат чисто електрични машини.

Новиот BMW i Vision Dynamics електричен автомобил е опишан како Gran Coupe со четири врати, управувано од електрична енергија, способен до 100 km/h да стигне за четири секунди. Максималната брзина е 200 km/h, додека едно полнење на батеријата обезбедува автономија од максимално 600 километри.

„BMW i Vision Dynamics Concept комбинира електрична мобилност со основните вредности на BMW: динамика и елеганција“, вели Адријан ван Хојдунк, постар заменик претседател на дизајн во BMW Group.

Дизајнот на концептот, долго меѓуоскино растојание и течна линија на покривот, има многу важна мисија, а тоа е да ја креира иднината на BMW, автомобил кој ќе поседува полу-автономна или целосно автономна функција при возење.

Електричниот погон значи дека традиционалната решетка пред ладилникот е непотребна, бидејќи нема потреба за свеж воздух, кој го лади моторот. Наместо тоа, BMW i Vision Dynamics студијата ја користи познатата форма како „потврда за технолошка експертиза“, со скриени сензори кои се претвораат во „интелигентни површини“.

ФОТО ГАЛЕРИЈА



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »