Formula 1 заинтересиранa за трка во Виетнам

0

Водечките луѓе во Formula 1 ја потврдија можноста за организирање на трка во Виетнам следната година

Откако Малезија одлучи да го напушти календарот на најбрзиот циркус во светот, се отвори простор за уште една трка во Азија. Првиот избор, како што стојат работите, е Виетнам, за што имаше разговори уште во времето додека Formula 1 ја водеше Берни Еклстон.

Исто така, во игра е уште една трка во Кина, најверојатно улична во Пекинг. Комерцијалниот директор на Formula 1, Шон Бречиз, вели дека календарот има простор за 25 трки и бараме дополнителни партнери.

Во прилог на споменатите Пекинг и Ханој, во предвид доаѓаат уште 40 други локации, при што особено се истакнуваат Португалија и Турција.

Овогодинешната трка за ГН на Малезија беше последна, бидејќи првите луѓе на патеката Сепанг одлучија да се посветат на соработка со MotoGP шампионатот.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »
%d bloggers like this: