Formula 1: Победа за Фетел, маестрално возење на Хамилтон

0

Себастијан Фетел оствари лесна победа во Интерлагос, со што го прекина постот на Ferrari кога станува збор за победи. Маестралниот Луис Хамилтон, кој стартуваше од боксовите, на крајот успеа да дојде дури до четвртото место.

Себастијан Фетел ја постигна својата петта победа во сезоната на трката возена за Големата награда на Бразил. Германецот веќе на почетокот го презеде водството од недоволно агресивниот Валтери Ботас од Mercedes. Предноста ја одржа до самиот крај на трката, а под притисок беше само за време на одењето во бокс на замена на пневматиците.

Mercedes се одлучи рано да го повика Ботас со цел да се обиде да ја неутрализира предноста на Германецот. Финецот новите гуми ги доби на крајот од 28-от круг, за да еден круг подоцна истото го направи и Ferrari со Фетел. Сепак Германецот на патеката се врати како прв, задржувајќи ја водечката позиција.

Од друга страна, Хамилтон се пробиваше помеѓу останатите болиди бидејќи стартуваше од боксот, но за негова среќа уште на почетокот од трката на патеката излезе безбедносното возило поради сударите помеѓу Стофел Вандорн, Кевин Магнусен и Даниел Рикиардо и Естебан Окон со Роман Грожан.

Откако водечките заминаа на промена на пневматици, бранителот на титулата со маестрално возење де проби на првото место, за да на супер меки гуми се префрли на 28 круга до крајот. Во тие моменти, само 18 секунди предност го делеа од лидерот на трката и четирите возачи пред него.

Лесна работа беше престигнувањето на Макс Верстапен од Red Bull, за наскоро да се впушти во потера и по Кими Раиконен, кој беше на само пет секунди заостанување во однос на Фетел. Спеак поради прилично изабените гуми, Хамилтон не беше во можност да го стигне Раиконен.

Верстапен при крајот од трката, конечно успеа да го убеди тимот од безбедносни причини да ги промени гумите, што му донесе и рекорд на минување на круг на Интерлагос. Неговиот тимски колега, Австралиецот Даниел Рикардо, исто така беше успешен и покрај казната за старт од 14-то место.

Фелипе Маса на вистински начин се прости од домашната публика, со можеби најдоброто возење оваа година и седмо место за Williams, откако успеа да ги одбие силните напади на Фернандо Алонсо (McLaren Honda) и Серхио Перез (Force India).

Резултати

Генерален пласман (ВОЗАЧИ)

Генерален пласман (КОНСТРУКТОРИ)

Најбрз круг

Возач на денот

2017 Бразил ГП / Race Highligts


Изјавија по трката

Себастијан Фетел

Луис Хамилтон

Фелипе Маса

Фернандо Алонсо

Следната, последна трка од шампионатот се вози за ГН на Абу Даби на 26-ти Ноември.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »