Formula 1: Хамилтон славеше во Остин, Mercedes веќе ја освои титулата кај конструкторите

0

Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на САД во рамките на Светскиот шампионат во Formula 1 возена на патеката во Остин. Второто место го освои Германецот Себастијан Фетел (Ferrari), а трет беше неговиот тимски колега, Финецот Кими Раиконен.

Со победата, Хамилтон е на чекор до освојување на четвртата титула, а Mercedes веќе ја обезбеди четвртата последователна конструкторска титула.

Фетел започна одлично и ја контролираше трката во првите неколку круга, но Хамилтон по дозволата за користење на DRS го претекна на најдолгиот правец со покасно сопирање од внатрешна страна.

Од тој момент, Хамилтон водеше во поголем дел дел од трката, иако речиси го загуби водството, откако се врати по промената на гуми, а Фетел влезе пред него со нов сет на меки пневматици.

Британецот така дојде на чекор до четвртата титула бидејќи сега има 66 поени предност пред Германецот Фетел на три трки пред крајот, што значи дека Фетел треба да победи на преостанатите трки во шампионатот, но и да се надвева дека Хамилтон ќе биде шести или уште полош, или да биде втор и да се надева дека Хамилтон ќе биде десетти или полошо.

Верстапен одлично се држаше ако се земе во предвид дека стартуваше од последното место на гридот. Трката ја започна со меки гуми и во последниот круг го престигна Раиконен за третото место, но судиите му доделија казна од пет секунди за возење надвор од границите на патеката.

Ботас и Рикардо водеа голема битка за третото место во почетниот дел од трката, но Австралиецот мораше да се откаже поради проблем со погонскиот агрегат на Renault, откако претходно се откажа и Хулкенберг од тимот на Renault.

Ботас го држеше третото место и се бранеше од Раиконен, кој сепак го престигна со фантастично задоцнето кочење од внатрешна страна по најдолгиот правец. Возачот на Mercedes потоа влезе во боксот по нов сет на гуми за да успее да го сочува петтото место зад Верстапен.

Раиконен така, за прв пат по трката за Големата награда на Унгарија стигна до подиумот каде возачите ги интервјуираше осум-кратниот олимписки атлетски шампион Усаин Болт.

Естебан Окон извозе одлична трка за Force India, и покрај тоа што целиот викенд беше болен. На крајот заврши на шестото место пред Карлос Саинц, кој воодушеви во првата трка за Renault.

Серхио Перез со осмото место обезбеди уште четири поени за Force India, откако беше претекнат од Саинц. Последните три бода ги распределија Маса од Williams на деветтото место и Даниел Квјат во својот прв настап за тимот на Toro Rosso.

РЕЗУЛТАТИ:

ИЗЈАВИЈА ПО ТРКАТА:

Луис Хамилтон

Себастијан Фетел

Кими Раиконен

Макс Верстапен

Наредната трка од шампионатот се вози за седум дена за ГН на Мексико.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »