Formula 1: Хамилтон најбрз на квалификациите во Остин

0

Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон ја освои својата 72-ра пол-позиција во кариерата, а со тоа си ги зголеми шансите за освојување на четвртата шампионска титула.

Британецот на денешната трка влегува со 59 поени предност, а ќе стартува веднаш пред својот главен конкурент, Себастијан Фетел од Ferrari. На Хамилтон му се потребни уште 16 поени за да ја осигура титулата. Ако возачот на Mercedes победи на ГН на САД, Фетел мора да заврши во првите пет за да влезе во трката за ГН на Мексико следната недела со некакви шанси, по што следат уште трките за ГН на Бразил и ГН на Абу Даби.

Од третото место ќе стартува Валтери Ботас од Mercedes, зад кој следат четвртиот Даниел Рикардо од Red Bull, петтиот Кими Раиконен од Ferrari…

Сепак, поради казната за Макс Верстапен, ќе има промени во стартниот грид. Заедно со Верстапен, казнети се и Нико Хулкенберг од Renault и Штофел Вандрон од McLaren.

Младиот возач на Red Bull е казнет со 15 позиции, така што трката ќе ја започне од последното место.
Денешната трка започнува во 21 часот по македонско време со пренос на МРТ.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »