Formula 1 2017: Хамилтон победи во Јапонија и направи голем исчекор кон нова шампионска титула

0

Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон, триумфираше на трката за Големата награда на Јапонија и го зголеми водството пред Себастијан Фетел, кој повторно не ја заврши трката.

Со новата победа во шампионатот, се чини дека Луис Хамилтон направи голем исчекор кон освојување на нова шампионска титула во Formula 1. Ова беше негова осма победа сезонава и големи 59 бодови предност пред главниот конкурент за титулата, Себастијан Фетел, кој повторно немаше среќа. По второто место на квалификациите, трката ја заврши по само три извозени кругови поради наводен проблем со свеќичка и константно губење на моќноста. Ова е втора од последните три трки која Германецот не успева да ја заврши.

Во само пет трки од дефицит од 7 до предност од 59 бодови

Целата ситуација максимално ја искористи Луис Хамилтон за нова доминантна победа. Британецот трката ја започна од пол-позицијата и благодарение на сигурното возење и и вистинскиот тајминг кога станува збор за одење во бокс на замена на гуми, целосно заслужено стигна до 61-та победа во својата кариера.

Ако на наредната трка за ГН на САД, Хамилтон победи, а Фетел биде по 5-то место, Британецот ќе ја прослави 4-та шампионска титула

Британецот под притисок беше по одењето во бокс, кога брзо се приближи до неговиот тимски колега Валтери Ботас, кој не беше влезен на замена на пневматиците, а беше следен од Верстапен. Сепак, Финецот го пропушти Хамилтон да го помине и по два круга веќе имаше повеќе од доволно предност пред младиот Холанѓанец.

Во финишот од трката, Макс Верстапен го искористи малиот проблем на возачот на Mercedes со вибрации во едната гума и повторно му се приближи на Хамилтон и остро го нападна возејќи веднаш зад него, но потоа во приказната намерно или ненамерно се вмешаа Фернандо Алонсо и Фелипе Маса. Шпанецот борејќи се со Фелипе Маса за позицијата која носи еден бод, спротивно на правилата не го пропушти младиот Холанѓанец, па така тој остана без вистинска можност да ја загрози победата на Британецот.

На крајот Верстапен мораше да се задоволи со второто место, а преостанатото место на подиумот го пополни неговиот тимски колега Даниел Рикардо кој во финишот успеа да ја одбрани позицијата од Финецот во болидот на Mercedes, Валтери Ботас.

Кими Раиконен се избори за петтото место, пред возачите на Force India, Естебан Окон и Серхио Перез, додека тандемот на Haas, Кевин Магнусен и Роман Грожан, заврши на осмата и деветтата позиција. Фелипе Маса ја комплетираше првата десетка успевајќи да се одбрани од нападите на Фернандо Алонсо од McLaren.

2017 Formula 1 Japanese Grand Prix (HIGHLIGHTS)

До крајот на сезоната остануваат уште четири трки. Првата од нив е трката за Големата награда на САД во Остин на 22 октомври, по што следат и трките во Мексико (29.10), Бразил (12.11) и Абу Даби (26.11).

Резултати (2017 Formula 1 Japanese Grand Prix)

Генерален пласман (ВОЗАЧИ)

Генерален пласман (КОНСТРУКТОРИ)

Изјавија по трката

Луис Хамилтон

Макс Верстапен

Даниел Рикардо

Себастијан Фетел

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »
%d bloggers like this: