По проблематичната епизода со моделот Karma, Хенрик Фискер, основач и сопственик на компанијата Fisker Automotive, повторно е на пат да претстави електрично возило кое ќе биде директен конкурент на Tesla Model S

Имено, според последните извештаи, потврдено е дека електричното возило EMotion ќе биде во можност да помине растојание од 650 километри со едно полнење, а неговата почетна цена ќе биде 129.000 американски долари. Во извештаите, исто така, се наведува дека ова возило ќе има хардвер и софтвер потребен за автономно возење.

Запрашан за тоа што мисли за својот нов модел, Фискер вели дека сакал дизајнот на автомобилот да биде таков што нема да се изгуби ништо од она што сите го сакаме во автомобилите.
Возилото ќе располага со 700 коњски сили, гуми Pirelli од 24 инчи, погон на сите тркала (веќе стандард за електричните возила), пет Quanergy сензори потребни за автономно возење, максимална брзина од 260 km/h и шасија направена од карбонски влакна и алуминиум.

Што се однесува до технологијата, EMotion има неколку асови во ракавот. Електричен прилагодлив затемнет покрив кој може да се прилагоди на четири зони, приближно исти димензии како и ја Model S.

Хенрик Фискер наведува дека EMotion ќе поседува литиум-јонски батерии кои ќе овозможат со само девет минути полнење да се добие доволно енергија за да стигне 200 километри подалеку.

EMotion би требало да биде претставен до 2019 година, и ако ги исполни сите ветувања на Фискер, сигурно ќе биде вистински конкурент на Model S.