Ferrari сепак ќе прави SUV модел!

0

Во својот говор на Њујоршката берза, извршниот директор на групацијата Fiat Chrysler Group, Серџо Маркионе, потврдува дека Ferrari е многу сериозен кога станува збор за производство на теренско возило. Маркионе на новинарите им изјавил дека ќе бидат потребни околу 30 месеци за да ја донесат конечната одлука за производство на моделот што тој го опишува како FUV ) Ferrari Utility Vehicle.

Маркионе вели дека се уште е потребно време да се разгледа како ќе се вклопи ексклузивноста на производите на компанијата со проширувањето на гамата на модели, а еден од начините е производство на ограничена серија. Оваа потврда е, секако, изненадување, со оглед на тоа што неколку пати компанијата негираше дека има такви планови. Сепак, се чини дека и производителот од Маранело сака дел од колачот во сегментот, кој се очекува да се шири и во иднина.

Имено, во текот на првиот квартал од идната година, Ferrari ќе го претстави својот петгодишен план кој ќе важи до 2022 година. Една од целите на компанијата е двојно да ја зголеми добивката и да ја прошири гамата на своите модели. Исто така, Маркионе потврдува дека FCA не размислува за продажба на Jeep одделно со што веројатно е ставен крај на шпекулациите за договор со кинеската компанија Great Wall.

Loading...
Споделете.

Напишете коментар

Translate »