„Само преку мене мртов“, велеше некогаш извршниот директор на FCA, Серџио Маркионе, кога го прашуваа дали Ferrari планира да произведе SUV модел

Рендер Kleber Silva

Сепак, времињата се менуваат, па Маркионе, на автомобилскиот саем во Детроит, за новинарите изјави дека сега во плановите на компанијата Ferrari се наоѓа и SUV модел, или како што тој го нарекува FUV (Ferrari Utulity Vehicle) модел.

Извршниот директор на FCA не открива други детали, но јасно става до знаење дека овој модел ќе изгледа како Ferrari, а така и ќе се вози.

Имено, до крајот на оваа година, Ferrari целосно ќе се извлече од долгови, па овој модел ќе оствари дополнителен профит, главно од пазарите во Азија, во кои спаѓа и Кина. Во компанијата се надеваат дека ќе продаваат по 10.000 автомобили годишно.

Рендер Kleber Silva

Покрај модели како што се Porsche Cayenne, Bentley Bentayga, најавениот Rolls-Royce Cullinan и Lamborghini Urus, SUV моделот на Ferrari секако ќе има жестока конкуренција. Сепак, новиот Ferrari модел нема да биде дизајниран да се натпреварува со Cayenne, што значи дека неговиот главен ривал, како и секогаш, ќе биде Lamobrghini Urus.