Новата верзија на 488 GTB ќе се вика GTO

Ferrari подготвува „набилдана“ модификација на својот супер автомобил 488 GTB, која ќе го добие традиционалното име GTO (Gran Turismo Omologata). Овој модел ќе стане најмоќниот цивилен автомобил во историјата на брендот опремен со V8.

Новиот суперавтомобил ќе добие модернизиран варијанта на моторот поставен во модификацијата Ferrari 488 Challenge. Станува збор за 3.9-литарски V8 со турбо кој ќе може да развие 700 КС во комбинација со 7-степен автоматски менувач и редизајниран систем за управување.

Во исто време, автомобилот ќе тежи околу 10% помалку од стандардниот 488 GTB. За изградба на идниот GTO ќе се користи карбон од кој ќе бидат направени хаубата, двата браници, задниот спојлер, и главниот дел од салонот. Благодарение на новите елементи на телото, аеродинамиката на автомобилот ќе се подобри за 20%.

Сега, покрај стандардните 488 GTB и 488 Spider Roadster, тука се и три тркачки верзии – GT3 и GTE, како и 488 Challenge.