Ferrari FXX K Evo – играчка за милијардери / ФОТО+ВИДЕО

0

Еден од најекстремните Ferrari модели досега.

Новото Ferrari FXX K Evo е еден од најекстремните автомобили направени досега од страна на италијанскиот производител. Под капакот за погонскиот агрегат се наоѓа хибриден V12 мотор кој во комбинација со електричниот мотор генерира неверојатни 1.050 коњски сили. Оваа верзија е полесна од моделот FXX K, но сé уште не е познато и за колку.

Иако овој хибриден хиперавтомобил официјално беше претставен пред само неколку денови, неколку луѓе веќе имаа можност да го запознаат поблиску, а еден од нив е познатиот јутхубер Seen Through Glass. На неговото видео може да се види „нереалната“ аеродинамика и агресивниот изглед на овој ѕвер од автомобил, како и воланот инспириран од воланот на Formula 1.

Новото Ferrari сигурно целосно го искористил сите предности на новиот аеродинамичен пакет и двоен заден спојлер. Новите аеродинамични компоненти на каросеријата ја зголемиле силата на прилепување кон подлогата за 23 проценти во споредба со стандардниот FXX K, а за 75 проценти во споредба со LaFerrari. Имено, со брзина од 200 километри на час, FXX K Evo генерира 640 килограми сила на потисок, а со максимална брзина повеќе од 830 килограми, што е навистина импресивно.

Горенаведениот V12 мотор произведува 860 коњски сили и 750 Nm вртежен момент, додека електричниот мотор произведува 190 коњски сили. Со комбинирање на овие два мотори, вкупната излезна моќност која овој хиперавтомобил ја произведува изнесува 1.050 „коњи“ и 900 Nm вртежен момент. Моќта на тркалата се пренесува преку седум-брзинскиот пренос со двојна спојка, ист како во болидите од Formula 1.

Оние кои ќе имаат доволно среќа и, се разбира, пари, за овој ѕвер произведен во ограничен број дојде во нивни посед, ќе имаат можност да се натпреваруваат во ХХ-програмата на Ferrari за време на сезоната 2018/2019. Оваа програма ќе се одвива на девет различни патеки низ светот.




Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »