Ferrari 488 GTB Spider – најмоќниот родстер од Маранело

0

Ferrari го искористи автосалонот во Франкфурт, за да го покаже најмоќниот родстер во својата пребогата историја. Италијанците го преработиле покривот на 488 GTB, а кон името ја додале ознаката Spider.

2016 Ferrari 488 Spider

Иновативната конструкција и композитните материјали, кои се користат, овозможуваат 488 GTB Spider да биде за 25 кг. полесен во споредба со традиционалниот автомобил со мек покрив. Во исто време, новиот покрив обезбедува максимална заштита од надворешни звуци и временските неприлики.

Конструкцијата на родстер е за 23% поотпорна на торзија во споредба со онаа од претходниот Spider со ознаката 458. Отварањето и затворањето на покривот трае 14 секунди.

Погонскиот агрегат на отворената верзија останува ист како кај купе моделот. Тоа е 3.9-литарски V8 турбо со 670 КС и 760 Nm вртежен момент. Благодарение на овие показатели 488 Spider е најмоќниот кабрио модел во историјата на Ferrari кој од 0 до 100 km/h забрзува за 3,0 секунди.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »