Ferrari 250 GTO ќе стане најскапиот автомобил во светот

0

Класично Ferrari 250 GTO е на пат да се стане најскапиот автомобил во светот, откако ќе биде продаден за 45 милиони фунти. Автомобилот е произведен во 1962 година и во последните години eден од најважните за колекционерите на автомобили, бидејќи е второтот произведено 250 GTO. Од моделот се произведени само 36 примероци.

ferrari-250-gto

Автомобилот учествувал во легендарните трки „24 часа Ле Ман“ и „12 часа на Сибринг“. И покрај неговата возраст од над 50 години, автомобилот се уште е способен за забрзување од 0 до 100 km/h за околу 6 секунди и максимална брзина од 273 km/h.

Во моментов, легендарниот автомобил се продава, по цели 20 години. Џон Колинс, кој стои на чело на специјализираниот сервис за модели на Ferrari, Talacrest, го продава автомобилот за повеќе од 45 милиони фунти.

„Доста долго барав 250 GTO и одеднаш се појави овој автомобил – вториот кој Ferrari го има произведено од овој модел“, вели Колинс. „Ова е едно прекрасно Ferrari, кое може да биде дефинирано како Светиот грал на класичните автомобили. Ова се должи и на неговата улога во историја – шестото место во крајниот пласман во Ле Ман и првото место во својата класа на Сибринг“.

„Веќе имам понуда за автомобилот и сигурен сум дека тоа ќе предизвика интерес. По овогодинешните претседателски избори, Американците бараат начини да инвестираат во имотите, а автомобилите се многу подобра опција од досадна слика закачена на ѕидот“, додава сопственикот.

ferrari-250-gto

Обично, во ретките случаи кога се продава Ferrari 250 GTO, аукцијата е од затворен карактер и наддавањето се спроведува со само неколку брокери, најмени од најбогатите колекционери на автомобили. Се смета дека ова ќе биде прв случај во последните 20 години, во кој GTO ќе го смени сопственикот на отворен тендер во Англија.

Во 2014 година аукциската куќа Bonhams продаде еден таков автомобил во САД за 38 милиони долари (30 милиони фунти). Последниот тендер, на кој е продадено 250 GTO пред тоа, е одржан во 1990 година.

Автомобилот од фотографиите е произведен во март 1962 година и бил користен од Ferrari за тестови. Последователно е продаден на Луиџи Чинети и неговиот легендарен тркачки тим North American Racing Team.

Ова е првото GTO кое било употребувано во трката. Зад воланот седел Фил Хил, кој го освоил првото место во својата класа и второто место во вкупниот пласман на 12-часовното натпреварување за издржливост во Сибринг.

ferrari-250-gto

Автомобилот стартувал и на „24 часа Ле Ман“ во 1962 година, каде завршува трет во својата класа и шести во крајниот пласман. Меѓу 1962-та и 1965-та автомобилот неколку пати има место на подиумот со различни пилоти зад воланот.

Во 1969 година ова GTO е продадено за 4.345 фунти, а една година подоцна повторно го променило својот сопственик – овој пат за 8.850 фунти. Во 1975 година автомобилот е купен од Стив Гризволд за 10.460 фунти. Тој го реставрира и го продава три години подоцна за 100.500 фунти.

Во последните 40 години возилото е прикажано многу пати на саеми за класични автомобили и било дел од неколку музејски поставки.
Со цената од 45 милиони фунти, ова Ferrari 250 GTO е точно 245 пати поскапо од комплетно ново Ferrari 488.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »