Фелипе Маса дефинитивно се повлекува?!

0

Според искажаните зборови, Бразилецот дефинитивно ќе го напушти најбрзиот циркус во светот по завршување на тековната сезона.

Кариерата на Маса во изминативе 15 години брои 267 трки, 16 пол позиции, 41 подиум и 11 победи. Потсетување дека во далечната 2008 година, Маса заврши како втор во генералниот пласман, зад Луис Хамилтон.

Фелипе Маса од Формула 1 за првпат се повлече минатата година, но тимот на Williams го замоли да се врати во тимот откако Ботас се пресели во Mercedes.

Што се однесува до тоа кој ќе го замени, оваа година во игра се повеќе возачи. Тимски колега на Ленс Строл може да биде еден од следните возачи: Кубица, Верлаин и Пол ди Реста.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »