FCA не го продава Jeep на Кинезите!

0

Извршниот директор на Fiat Chrysler Automobiles (FCA) Серџо Маркионе ги отфрли сите наводи дека компанијата размислува за продажба на Jeep на кинески производители на автомобили

Уште во април минатата година, имаше гласини дека FCA размислува да го продаде Jeep, а ширењето на овие информации беше поткрепено со изјавата на Маркионе дека брендот Jeep е доволно силен за да преживее и самостојно. Потоа, во август, претседателот на кинеската компанија Great Wall изјави дека е заинтересиран да го купи овој бренд и дека ја испратил својата понуда до групата FCA.

Сепак, после се, на Саемот на Детроит, Маркионе изјави дека нема планови за разбивање на семејството FCA, односно дека нема шанси да го продаде Jeep на Кинезите.

Притоа, Маркионе потврди дека моделот Wrangler Pickup ќе пристигне во 2019 година, како и кросовер базиран на Chrysler Pacifica, кој ќе има plug-in хибриден погон.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »