Еволуција на моделот Toyota Supra / ВИДЕО

0

Toyota по скоро 40 години од „раѓањето“ на оригиналот, ќе ја претстави својата нова Supra.

Многу се оние кои ја сакаат Supra, но дали сите знаат нешто повеќе за историјата на овој легендарен спортски автомобил? Благодарение на тимот на Donut Media и видеото поставено на нивниот YouTube канал, сега сите имаат можност поблиску да се запознаат со најпознатата спортска Toyota на четири тркала.

Се започнува во 1978 година, кога името Supra е додадено на линијата Toyota Celica, со нов 2-литарски бензински мотор кој е во состојба да произведе 110 или 123 коњски сили. Овој модел, благодарение на овој агрегат од 0-96 km/h зазабрзувал за 10,2 секунди, а за прв пат биле воведени диск сопирачки на сите тркала и електронско вбризгување на горивото.

Во текот на 1981 година, Celica Supra, како и остатокот од линијата на Celica, се целосно редизајнирано. Под хаубата, се нашол нов линиски 6-цилиндерки мотор кој произведувал за тоа време моќни 145 КС и 210 Nm вртежен момент. За забрзување на моделот од 0-96 km/h биле потребни 9,8 секунди.

Во 1986 година Supra станува независно име, надвор од линијата на Celica и е базирана на нова платформа, благодарение на што клиентите во понуда добиваат и поширока гама на агрегати и опционален турбо полнач од 1987 година. Под хаубата и понатаму се наоѓал 6-цилиндерски агрегат, со кој сега произведувал 200 КС.

Најсериозните модификации сепак се случуваат во текот на 1993 година. Моделот А80 со сосема нов дизајн модел потполно се одвојува од останатите, а воведувањето на новиот 2JZ агрегат со турбо полнач, кој произведува 220 КС и 280 Nm вртежен момент значи и само 4,6 секунди од место до 100 km/h. Оваа Supra и денес е најпознатата Supra благодарение на нејзината „улога“ во филмот „Брз и бесни“.

Сега, речиси 40 години по „раѓањето“ на оригиналот, Toyota работи на нова Supra, која платформата ќе ја дели со BMW Z4. Новата Supra ќе има нов 3.5-литарски V6 мотор кој ќе произведува околу 400 коњски сили. Дали ќе го доживее успехот на претходниците, останува да се види!



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »