ETCC 2017: Иџе сепак не успеа во борбата за титулата

0

Игор Стефановски Иџе и покрај големата желба и борба на патеката Мост во Чешка не успеа да се закити со шампионската круна во ЕТСС шампионатот и на крајот од сезоната е четврти во генералниот пласман. Нов шампион е Петар Фулин од Чешка.

Во првата од двете трки, победи Бугарскиот возач Пламен Кралев пред ривалите за титулата Норберт Наѓ и Петр Фулин.

На почетокот Шрајбер ја поведе трката, но веќе во вториот свиок загуби контрола над возилото, по што Наѓ го презеде водството пред Фулин и Стефановски. Шрајбер кој од првото падна на четвртото место набрзо го загуби приклучокот со првите тројца. Набрзо потоа Фулин го превзеде водството од Наѓ и на таа позиција остана се до седмиот круг кога Стефановски успеа во ист свиок да ги помине Наѓ и Фулин, но притоа со контакт помеѓу него и Фулин. Дотогаш лидерот во трката, Фулин, по контактот со Стефановски се изврте на патеката, а нашиот Иџе ја презеде лидерската позиција. Ова од контролорите на трката беше окарактеризирано како неправилно претекнување по што во 9-тиот круг Стефановски беше казнет со проаѓање низ бокс, а со тоа и губење на сите шанси во борбата за титлулата. На крајот, Кралев од Бугарија победи пред Наѓ, Фулин, Шрајбер и Рикли. Стефановски заврши дури на осмата позиција што пак му ја донесе пол-позицијата во втората трка.

Втората трка за нашиот Иџе беше само трка за докажување на вредностите, но не и борба за титулата.

Во секој случај успешна сезона за нашиот Иџе и неговиот тим Stefanovski Racing. Двете победи и двата подиума се секако резултат за респект, но и поттик следната сезона да се атакува на титулата.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »
%d bloggers like this: