Volvo Trucks ќе започне со продажба на електрични товарни возила во Европа веќе следната година, а во 2020 година електричните камиони на шведскиот производител ќе се појават и на пазарот во Северна Америка

Шведскиот производител на камиони смета дека воведувањето на товарни возила со електричен погон значително ќе го подигне квалитетот на животот во урбаните области, бидејќи ќе се намали бучавата и загадувањето на воздухот предизвикано од погонот на фосилни горива во денешните камиони.

Volvo Trucks, исто така, тврди дека транспортот на струја е едно од најпосакуваните одржливи транспортни решенија за иднината.

И покрај тоа што најавата за воведување на електрични Volvo камиони доаѓа по премиерата на електричниот камион на Teslа, Швеѓаните, најверојатно, ќе први ќе почнат со производство на овој тип на камиони.

Претседателот на Volvo Trucks, Клаес Нилсон, вели дека ќе камионите на струја ќе донесат голем број на предности во однос на сегашните кои како погон користат дизел мотори.

„Користењето на електричен погон ќе овозможи камионите да бидат потивки и да не го загадуваат воздухот, што ќе придонесе за тоа тие да може да се користат во центрите на градовите, каде пристапот на конвенционалните камиони-шлепери генерално е забранет“, објаснува Нилсон.

“Исто така, овој начин на транспорт ќе се користи и во периоди од денот кога нема сообраќајниот метеж – на пример, доцна во вечерните часови или во текот на ноќта, што ќе ги растерети патиштата и улиците во градовите во сообраќајните шпицови“.

Тој Наведува дека на овој начин сообраќајната инфраструктура во урбаните области ќе се користи подеднакво и поефикасно.