Екстремно „набилдан“ VW Golf го „брише подот“ со Bugatti Chiron?! (ВИДЕО)

0

Како што тврдат, до 100 km/h автомобилот стигнува за 2,3 секунди, а максималната брзина му е околу 350 km/h. Вака подготвениот Golf 2 веќе му го има земено скалпот на BMW M5, потоа на Lamborghini Aventador и Huracan, модифициран GT-R, а на крајот и на сегашниот крал на хиперавтомобилите Bugatti Chiron.

Ваквиот Golf 2 дефинитивно го оправдува култниот статус кој го ужива во регионот.

Автомобилскиот херој однадвор не изгледа премногу различно од стандардната верзија на Golf 2, но одговорот се наоѓа под хаубата. Платформата со погон на сите четири тркала користи трансмисија со канџеста спојка бидејќи стандардниот синхронизиран менувач ни во сон не би можел да се избори со толкава брутална моќ. Податокот што недостасува е колку обиди овој агрегат може да издржи?

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »