Ducati Panigale V4 прогласен за најубав мотор на EICMA 2017

0

Последното суперспортско издание на Ducati, моделот V4 Panigale, ги освои симпатиите на стручната јавност и посетителите на саемот за мотоцикли во Милано, каде што е прогласен за најубаво возило на две тркала.

2018 Ducati Panigale V4

Ова е трет пат по ред Ducati да ја добие престижната титула за најубав мотоцикл на миланскиот салон. Пред Panigale V4, наградата ја имаат добиено Scrambler и Supersport. Кога веќе се враќаме во минатото, треба да се напоменат две работи: прво, наведените мотоцикли се дело на дизајнерот Џулијан Клементе, и второ, во изминатите 13 години, Ducati оваа престижна награда ја освоил неверојатни девет пати!

Panigale V4 победил со околу 60% од гласовите на посетителите или околу 16.000 гласови. Неспорно е дека овој модел е многу убав мотоцикл, но ако се гледа само визуелно повеќе е редизајн на стандардната верзија на Panigale. Можеби на посетителите голем впечаток оставил агрегатот во овој модел кој доаѓа директно од MotoGP шампионатот.

Зад Ducati, на второто место се наоѓа уште еден италијански мотоцикл, MV Agusta Dragster 800 RR, додека на третата позиција е јапонскиот Honda CB1000R.

2018 MV Agusta Dragster 800 RR

2018 Honda CB1000R



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »