Доста е работа за други, време е за сопствен бренд

0

Турција најави дека работи на сопствен автомобилски бренд. Првиот прототип ќе биде претставен во 2019 година, а за погон ќе користи исклучиво електрична енергија.

Турскиот автомобилски пазар е еден од најголемите во Европа, и наскоро оваа земја ќе добие 100 отсто турски автомобилски бренд.

Во Турција, годишната продажба е околу еден милион нови автомобили, а во оваа земја, свои фабрики имаат компании како Renault, Hyundai, Honda, Toyota и FIAT.

Неодамна, на иницијатива на претседателот на Турција, Ердоган, пет локални компании од областа на автомобилската индустрија и технологии се приклучиле во проектот „Турски автомобил“, која треба да резултира со првиот целосно домашен автомобилски бренд.

Првиот прототип под името на новоформираниот бренд ќе биде лансиран во 2019 година, а првиот производствен модел е предвиде во салоните да пристигне околу 2021 година. Фокусот ќе биде ставен на производство на електрични автомобили, а крајната цел е воспоставување на автомобилски бренд, кој ќе стане познат во светот, како што е тоа денес Tesla.

Инаку, Турција е препознaтлива во автомобилската индустрија како голем производител и снабдувач на други компании со авто делови. Покрај тоа, оваа земја, која се протега на два континента, е еден од најголемите извозници на автомобилски во европските и блискоисточните пазари.

Турција сега има намера огромното искуство во производството на компоненти за автомобилската индустрија да го претвори во сосема нов автомобилска марка со потпис „ made in Turkey“, што е еден од приоритетните проекти на државно ниво.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »