Детроит 2016: Porsche 911 Turbo & 911 Turbo S

0

Во рестилизирано издание, овие модели доаѓаат со малку модифициран браник и нови LED дневни светла, нова рачки за отворање на вратите, редизајнирана хауба, задни светла и 20-инчни тркала од лесна легура.

porsche-911-turbo-naias

Ниту во внатрешноста нема многу промени. Се сведуваат на нов волан со вртлив прекинувач за избор на режимот на возење, со опции Normal, Sport, Sport Plus и предефиниран персонализиран мод. Аудио системот Bose доаѓа како стандардна опрема, и тука е и подобрениот Porsche РСМ систем за интегрирано управување со комуникациите. Подобрениот стандарден Sport Chrono пакет донесува уште еден посебен елемент за возачите: копчето Sport Response, кој во текот на период од 20 секунди по притискањето на привремено дополнително ги подобрува перформансите на веќе моќната машина, што е идеално во ситуации кога треба итно и експлозивно забрзување, на пример, при претекнување по кривулест планински пат.

porsche-911-turbo-naias

porsche-911-turbo-naias

porsche-911-turbo-naias

Овие два модели, добиле и нов прекинувач PSM Sport Mode. Со него е можно да се помести прагот на чувствителност на системот за управување со стабилноста на возилото, така да искусен возач повеќе од било кога може да се долижи на границите на можностите на ова возило.

porsche-911-turbo-naias

porsche-911-turbo-naias

porsche-911-turbo-naias

Овие Porsche „земја-земја проектили“ ги придвижува познатиот моќен 3.8-литарски 6-цилиндерски битурбо со 540 КС за верзијата 911 турбо и 580 КС за помоќниот 911 Turbo S.

porsche-911-turbo-naias

porsche-911-turbo-naias

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »