Детроит 2016: Kia Telluride SUV Concept

0

Kia на автосалонот во Детроит покажа возбудлив SUV концепт со многу атрактивен дизајн. Презентиран во атрактивна и на некој начин воена маслинесто-зелена металик боја, концептниот автомобил едноставно зрачи со дизајнот и импресивната појава.

2016-KiaTelluride

Концептот е наречен Telluride, по ски-центарот во американските карпести планини, ако со тоа јасно се дава до знаење која ќе биде целната група на идниот евентуален сериски SUV модел. А неа ја чинат финансиски сигурни луѓе кои водат активен живот, сакаат да патуваат во убави и монденски места, а поради тоа имаат потреба од удобно и пространо возило, кое едноставно ќе го проголта целиот багаж и спортската опрема која сакаат да ја понесат, а притоа возилот да привлекува внимание пред терасите на кафулињата во планинските или приморски центри.

Концептот Telluride е за десетина сантиметри подолго и околу 24 сантиметри пошироко од Kia Sorento, на чија платформа и доаѓа. Меѓуоскиното растојание е зголемено на 308 см, а удобноста при влегување или излегување од задните седишта е дополнително подобрена со користење на системот на отворање на задните врати „à la Rolls-Royce Phantom“. Моделот доаѓа во подеднакво импресивни 22-инчни тркала со пет краци, облечени во гуми Hankook Ventus ST 275/45 R22.

SUV концептот е замислен со четири удобни фотелји и дополнителен трет ред на седишта. Седиштата во вториот ред, ако третиот ред не се користи, може да се повлечат наназад и закосат, со што се добива ниво на удобност достојно на луксузни седани во проширена верзија. Четирите главни седишта се опремени со сензори кои регистрираат информации за здравствената состојба на патниците. Обработените податоци се прикажуваат на мали дисплеи вградени во внатрешната облога на вратите, а се синхронизираат и со работата на т.н. LER систем кој се базира на велнес терапија со користење на светлина. Овој систем за „подмладување со светлина“ емитува терапевтска светлина наменета, на пример, за опоравување после долг лет и генерално обновување на енергијата на патниците.

На централната конзола помеѓу задните седишта сместена е елегантно дизајнирана команда за лесно ракување со инфозабавниот систем на задните седишта. Патниците така можат со едно движење на раката, на пример, да ја променат музичката нумера, која може да ја слушаат преку аудио системот од бренд Harman Kardon или преку безжични слушалки. Во рамките на оваа конзола, овозможено е безжично полнење на електронски уреди, како мобилни телефони, на пример.

Погонот на концептот Telluride е концепт кој се заснова на атмосферски 3.5-литарски V6 мотор со моќност од 270 КС, поврзан со електричен мотор со моќност од 130 КС. Вкупната ефективна моќност на системот изнесува примамливи 400 КС кои се пренесуваат на сите четири тркала.

Kia засега негира дека Telluride би можел да стане сериски модел, но официјални лица од Kia Motors, исто така, не ја исклучуваат можноста дека во иднина друг сериски модел би можел да биде инспириран токму од концептот Telluride.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »