Детроит 2016: Audi A4 Allroad

0

На тековниот автосалон во Детроит, Audi ја претстави теренската караван верзија на новата генерација на моделот A4. Името е веќе познато – Allroad и слично на својот претходник се нуди со систем за погон на сите четири тркала Quattro и со пластични штитници на каросеријата.

Audi A4 Allroad

Новиот A4 Allroad од стандардната комби А4 верзија се разликува по хромираната маска на ладилникот, како и алуминиумските лајсни на предниот и задниот браник. Патното тло е зголемено за 23 мм, а при поставување на поголеми гуми оваа разлика може да достигне и до 34 мм. Колку е клиренсот на моделот не е кажано, но кај постарата генерација на машината беше 180 мм.
Волуменот на багажникот е 505 литри, а со спуштање на задните седишта може да достигне 3 пати повеќе – 1510 литри. По желба на клиентот задната врата на теренецот комби може да биде електрична.

Благодарение на употребата на нови материјали во конструкцијата, возилото станало полесно, но за колку од Audi засега не откриваат. Стандардниот A4 „ослабе“ за 100 кг. во споредба со својот претходник. Освен тоа, променета е и конструкцијата на шасијата – наместо 4-точки суспензијата веќе е со 6-точки.

Audi A4 Allroad

Audi A4 Allroad

Модификацијата добила исти мотори, кои се достапни и за стандардниот A4. Тоа се 2.0-литарски бензински мотори, со моќност од 150 КС (320 Nm), 190 КС (400 Nm) и 252 КС (370 Nm). Има и два 3.0-литарски V6 агрегати – 218 КС и 272 КС. Менувачот е 6-брзински мануелен, 7-брзински S tronic и 8-степен автоматски tiptronic.

Моделот добил сосема нов инструменти панел, а како опција се нуди и дигитален прибор. Во опремата на караванот влегува адаптибилна суспензија чии поставки може да се изменат од мултимедијалниот систем.

Audi A4 Allroad

Audi A4 Allroad

Audi A4 Allroad

Специјално за Allroad кон 5-те стандардни режими – comfort, auto, dynamic, efficiency и individual, е додаден и offroad, со кој се менува алгоритамот на работа на трансмисијата и чувствителноста на педалата за гас.

Продажбата на Audi A4 Allroad ќе стартуваат во текот на летото, а веќе се знаат цените за германскиот пазар – стартната цена е 44.700 евра.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »