„Дарт Вејдер издание“ на Mercedes S-Class Coupe

0

Ова е она што се добива кога на Mercedes S-Class Coupe ќе му се даде малку „позлобен“ изглед. Наместо елегантен гран турер, пред нас е неговиот „зол близнак“. Станува збор за креација на студиото Prior Design, кое целосно го трансформирало големото купе со со поширок преден дел и задни крила, со користење на Wide Body комплет во комбинација на фиберглас / дурафлекс.

mercedes-s-class-coupe-by-prior-design-1

„Набилдани“ се и браниците, а спојлерите заедно со 22-инчни тркала (опционално 23-инчни) донесуваат екстремен спортски изглед.

Автомобилот е поширок за 20 сантиметри на задната оска и 12 сантиметри на предната во однос на стандардната S-Class Coupe. Според многумина, Prior Design отишол малку предалеку, особено кога станува збор за задното крило. Сепак, модификациите на автомобилот не се во тјунинг стил, туку многу сериозни, што го потврдува и системот за суспензија H & R, кој значително го спуштил возилото. Гумите се 265/30 напред и 315/25 назад. Дел од пакетот се и поизразени прагови, како и дво-делен дифузер покрај кого два пара на завршетоците од издувните цевки.

This slideshow requires JavaScript.

Фотографии од салонот нема за жал нема.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »