Иако во некои европски земји, како Франција, има голем пад во продажбата на дизел возила, нема алармантно ниска продажба на автомобили со дизел мотор на остатокот од континентот

Иако Франција важеше за европска земја со најголем број на купени возила со дизел мотори, во 2017 година овие автомобили учествувале со 48% од вкупната продажба. Аналитичарите веруваат дека ова е почеток на трендот, односно уште поголем пад во продажбата во тековната година.

На глобално ниво, дури 52% од автомобилите во Европа користат бензински горива. Европски земји во кој возилата на бензин имаат значителна предност се Кипар (87,57%), Финска (75,59%), Швајцарија (72%), Унгарија (71%), Германија (66,17%) … Само шест држави имаат повеќе дизел од бензински автомобили и тоа Франција каде што „нафташите“ сочинуваат 70% од сите автомобили, Луксембург 65%, Литванија 63%, Белгија 61,53% Шпанија 56,51% и Австрија 56,95%.

Иако бензинците и понатаму го држат приматот, продажбата на дизели во текот на изминатите триесет години е многу висока. Во дамнешната 1990 година, само 3% од вкупниот број на автомобили на европски патишта користеле дизел гориво, за да во 2015 година оваа бројка се зголеми на 37%.

Официјалните податоци од Еуростат покажуваат дека падот на продажбата на дизел возила започнал уште пред Дизелгејт. Имено, во 2015 година во Европа се продале 1.7 милиони повеќе автомобили напојувани од дизел мотор споредено со 2014 година, а скоро 2 милиони повеќе бензински мотори.

Дизелгејт на Volkswagen, се попострогите регулативи за емисии на ЕУ, како и политичките и економски притисоци врз автомобилската индустрија плетат мрежа на сатанизација на дизелот како гориво. Франција е првата европска земја која објави целосното укинување на агрегатите на дизел и бензин во 2040 година, а слични соопштенија доаѓаат од Велика Британија, Шпанија и Грција.

Германската влада за сега се држи на страна, а Партијата на зелените во оваа земја гласно ја обвинува владата на канцеларката Меркел за соработка со автомобилските гиганти кои дефинитивно не се во позиција да го сторат тоа. По повод изјавите за можна забрана за дизел гориво, генералниот директор на BMW, Харалд Кригер, минатата година изјави дека мобилноста дефинитивно ќе има место за сите ултра-софистицирани мотори во иднина.
Колку и дали дизел агрегатите повеќе ја загадуваат животната средина отколку бензинот е големо прашање и ова, на глобално ниво, е многу тешко да се докаже. Она што ЕУ го сака е елиминирање на моторите со внатрешно согорување со цел да се намали загадувањето на воздухот, но исто така и помала потрошувачка на нафтени резерви. Европската комисија во 2015 година проценила дека најголем потрошувач на енергија на Стариот континент е транспортниот сектор, односно копнените патнички и транспортни возила.

Со едноставна споредба на загадувањето на ови два типа на агрегати, бензин и дизел, може да се добие реален однос на штетните гасови. Бидејќи е тешко е да се одреди колку всушност загадуваат моторите со 5, 10, 15 и повеќе години, токму затоа ЕУ не гледа поинаков излез освен целосна забрана на моторите со внатрешно согорување.

Иако статистичките податоци покажуваат дека моторите се уште се поубедливи и по продавани од „зелените“ алтернативи, властите на ЕУ ќе продолжат да инсистираат на воведување постепена забрана.