Tesla Model S попродаван од Mercedes S-Class и BMW 7-Series во Европа!

Минатата година, во Европа, поголем број на клиенти се одлучиле за електричниот автомобил Tesla Model S, отколку за автомобилите на традиционалните лидери во сегментот на луксузни возила, Mercedes и BMW.

Имено, Tesla Model S веќе неколку години на американскиот пазар е попродаван од S-класата и Серија 7, но минатата година за првпат ова се случи и на домашен терен на германските гиганти, во Европа.

Продажбата на Tesla Model S во Европа пораснала за дури 30 отсто или 16.132 примероци. Mercedes продал 13.359 од Ѕ-класата со пораст од 3 отсто, додека BMW продал 11.735 единици од Серија 7 што е за 13 отсто помалку од 2016 година.

На американскиот пазар, Tesla продала 28.800 единици од Model S со зголемување од 9 отсто споредбено со 2016 година, победувајќи ги Cadillac XTS (продадени 16.275 единици) и Mercedes S-Class (продадени 15.888 единици).

Дури и Model X бележи раст на продажбата на европскиот пазар од 12.000 продадени единици за минатата година, што е приближно исто како и моделот Porsche Cayenne и речиси 2.000 единици повеќе од BMW X6.

Бидејќи трендот на електрификација не запира, може да се каже дека германските гиганти имаат причина да се плашат, па затоа наскоро се очекува и тие да ги претстават своите електрични автомобили.