CaptoGlove – први гејмерски ракавици / ВИДЕО

0

Виртуелната реалност стана сон за многумина по филмот Matrix, а оттогаш сите почнавме да сонуваме за вештачки свет во кој можеме да зачекориме. Креаторитете на игри со години се обидуваат да создадат реално видео чувство и да им овозможат на играчите да имаат реално чувство додека играат.

Првиот чекор кон таа слика беше, се разбира, видео графиката која сега е врвна и навистина изгледа неверојатно реалистична. Сепак, со доаѓањето на VR сетовите и сензори за движење, сега можеме нашите движења во реално време да ги пренесеме во играта и со тоа да ја контролираме.

CaptoGlove е нов гејмерски проект за игри кој им овозможува на играчите да ги користат своите раце во играта во реално време, што значи дека можете да ги движите вашите шаки и прсти во играта како во реалниот живот, што е навистина неверојатно. Кога овие ракавици ќе се искомбинираат со VR сетови, се добива исклучително реалистично чувство кое е одлично за FPS престрелки и возења.

За жал, цената на овие ракавици е доста висока, па така за еден пар ќе мора да потрошите околу 500 долари, што е доста висока цена. За тие пари можете да купите нова конзола, па дури и солиден компјутер.

Погледнете како работат:



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »