Бузалковски нестрплив да го тестира новиот моторцикл на патека!

0

Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим – Водно Скопје), овој месец ја финишираше својата сезона во класата СП125 од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам како вицешампион, но неговите подготовки за 2018 започнуваат веднаш. Имено, младиот Бузалковски од наредната сезона ќе се натпреварува и во помоќната класа до 600 кубни сантиметри.

Во краток разговор, Бузо вели дека е премногу среќен поради неговиот нов мотоцикл и дека е нестрплив да се појави на тркачка патека и да го тестира истиот.

„Новиот мотоцикл е веќе дома и сите сме пресреќни поради тоа, бидејќи уште од сега ги започнуваме подготовките за следната сезона. Морам да признаам дека ќе биде многу тешко бидејќи ќе се натпреварувам во две класи, но тоа е нешто што сакам да го правам и ќе се трудам да успеам и да бидам од трка во трка што е можно по конкурентен. Нестрплив сум да го тестирам новиот моторцикл, бидејќи временските услови моментално не дозволуваат, но се надевам дека наскоро заедно со мојот тим ќе успееме да отидеме на патеката во Серес, Грција, и да го оствариме првиот контакт со новиот моторцикл од 600 кубни сантиметри. Треба да се подготвам максимално, бидејќи разликата од 125 кубни сантиметри до 600 е голема, како во однос на кривините, така и на правците, бидејки овој мотор има многу повеќе моќност и ќе ми биде потребно време за да се привикнам, но се надевам на позитивни резултати!“, вели Бузалковски.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »