BMW M5 на Нирбургринг / ВИДЕО

0

Еден од моделите кои предизвикаат многу внимание е BMW M5, а прототипот од новиот модел е забележан во својата „природна средина“ – Нирбургринг.

Популарниот суперседан минува низ последните тестови пред премиерата која се очекува во неделите пред нас. Пред нешто повеќе од еден месец, М одделот организираше претпремиерен настан Белгија.

Се разбира, од тој настан се појавија и интересни детали. Од 4.4-литарскиот V8 со двојно турбо се извлечени 600 КС и 700 Nm вртежен момент, кој на тркалата се канализираат преку 8-брзински автоматски менувач. Наведените бројки овозможуваат спринт до стотка за помалку од 3,5 секунди. Максималната брзина до овој момент не е прецизирана, но би требало да биде 330 km/h (без електронскo ограничување).

Она што е познато е дека M5 ќе користи нова верзија на xDrive системот, која на возачот ќе му овозможи забава во форма на „зафрлување на опашката“, со едноставно притискање на копче. Со другите интересни работи се вклучуваат карбон-керамички сопирачки, можност за промена на звукот на издувот и спорт бирач на степенот на пренос. Самата каросерија ќе биде со нешто поагресивен изглед.

Според информациите од BMWBLOG, новиот M5 премиерата ќе ја има следниот месец, непосредно пред започнувањето на саемот во Франкфурт.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »