BMW M3 CS стапи на сцената / ФОТО + ВИДЕО

0

BMW го проширува своето портфолио на перформантни модели. Иницијалниот успех на M4 CS изроди друг модел со истиот суфикс: M3 CS. Како и M4 CS со две врати така и М3 CS е побрз, полесен и доаѓа во ограничено издание.

Под хаубата се наоѓа добро познатиот 3.0-литарски, реден 6-цилиндерски битурбо со 458 КС и 600 Nm. Тоа е за 28 „коњи“ повеќе од стандардната М3-ка, како и 10 проценти повеќе вртежен момент. Со поголема моќност и 50 килограми помалку, спринтот до стотка е спуштен на 3,8 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 280 km/h.

За да се справи со сета таа моќност, M3 CS е опремен со некои дополнителни компоненти, а возачите можат да избираат помеѓу три режими на управување – Comfort, Sport и Sport+ во кои се вклучени и различни поставки за амортизерите.

Менувачот е веќе проверениот 7-степенски со двојна спојка, поврзан со електронски контролираниот Active M диференцијал со ограничено пролизгување. BMW потврдува дека истите компоненти се добиваат во М3 Competition Package, но во случај со M3 CS тие се уште поперформантни.

M3 CS е поставен на лесни, лиени бандажи, инспирирани од тркачкиот M4 во серијата DTM. Се разбира, тука се и гумите Michelin Super Sport, со големина 265/35 R19 напред и 285/30 R20 позади. Карбон-керамички сопирачки се опционални.

Од моделот ќе бидат произведени само 1.200 примероци.




Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »