БМУ Европски шампионат во брзински мотоциклизам: На ред последните две трки

0

Христијан Бузалковски Бузо ((МК Ендуро Тим – Водно Скопје)), единствениот наш возач во класата SP125, минатиот викенд од Бугарија се врати со првата победа во сезоната и како што вели, не планира тука да запре.

На 28 и 29 октомври се возат последните две трки од сезоната во Серес Грција. Бузалковкси моментално е трет во генералниот пласман и доколку сака до шампионската титула ќе мора да победи на двете, како што вели тој, најтешки трки во неговата кариера!

„Конечно, по толку време дојдовме до долго очекуваната победа, и секако јас и мојот тим сме пресреќни поради тоа. Но после големото славење време е да мислиме на последните две трки од шампионатот кои се од големо значење бидејќи сме поблиску до можноста за освојување на шампионската титула. Доколку сакаме да се видиме на тронот, мораме да победиме на двете трки, што секако нема да биде воопшто лесно. Меѓутоа јас и мојот тим уште од сега работиме напорно како на моторциклот така и на мене, и ќе го дадеме својот максимум!“, вели Бузалковски.

Во класата SP125 во генералниот пласман прва е Жулиета Ленкова со 213 поени пред Милен Георгиев со 199 и Христијан Бузалковски со 186 во конкуренција на 17 возачи.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »