Biski – половина скутер, половина џетски! / ВИДЕО

0

Една мала компанија во САД по име Gibbs на јавноста и го претстави своето ново возило, кое се притискање на едно копче од скутер се претвора во џет ски

Според наведените спецификации, ова возило на копно е способно да достигне максимална брзина од 127 km/h, а кога е на суво, возилото се придвижува со помош на мотор со два цилиндри и 55 КС. Кога ќе се „претвори“ во џет ски, максималната брзина на вода може да достигне до 60 km/h.

Сосема очекувано е вакво возило, кое поради премин кон скутер за вода, целосно да го „сокрие“ задното тркало, да има нешто поголема маса од 227 килограми без течности. Масата би била уште поголема ако при конструкцијата не се користело изобилство на јаглеродни влакна. Таканаречениот Biski има должина од 233 сантиметри, додека растојанието помеѓу двете тркала е 179 сантиметри. Biski може да носи двајца патници и има резервоар од 20 литри. За транзиција од скутер кон џет ски се потребни 5 секунди.

Ова не е првиот хибрид од ваков тип на компанијата Gibbs. Пред него постоел т.н. Quadski односно хибрид помеѓу ATV возило и џет ски. Ова возило користело мотор на BMW од моделот K1300.

Gibbs сеуште не ја соопштил цената за своето ново „ремек-дело“ кое вистинска употреба би нашло само во филмовите за Џејмс Бонд. Цената за претходникот, Quad-Ski, е околу 40.000 американски долари.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »