„Белата боја и понатаму е најпопуларна кога станува збор за нови автомобили“, покажуваат податоците од студијата за 2017 година на Axalta, една од најголемите на ова поле во светот

Компанијата ова истражување го спроведува веќе 65 години.

Точно 52% од новите автомобили во Азија се во бела боја, во Африка овој процент е 49. Рекордот го држи Кина – 47% од новите автомобили се во бела, а уште 15% се во различни варијанти на бела (главно бисерно бела). Токму оваа бисерно бела боја е број 1 на јапонскиот пазар за минатата година.

Гледано на глобално ниво, следува црната боја со 16%, а ја следат сивата и сребрено сивата со по 11%, сината со 7%, црвената со 6 и беж со 5 %. Од основните бои, најмалку нови автомобили се порачани со зелена боја – околу 1 процент на глобално ниво.

Според податоците на Axalta, досега ниту една боја не е ниту блиску до белата боја, напротив – бројот на автомобили обоени во бело станува се поголем.