Францускиот производител го надгради електричниот модел Zoe за 2018 година

2018 – Renault ZOE

Најважната новина во автомобилот е помоќниот електричен мотор кој сега испорачува 109 КС (16 КС повеќе од порано) и 225 Nm вртежен момент.

Renault Zoe за 2018 година, од мирување до 100 km/h, стигнува за 11,4 секунди, според производителот, а за меѓузабрзувањето од 80-120 km/h троши 2 секунди помалку од својот претходник. Максималната брзина на автомобилот е 135 km/h.

Zoe користи литиум-јонска батерија од 41 kWh, која, според луѓето од Renault, од 0 до 80% од капацитетот може да се наполни за 1 час и 40 минути.

Францускиот производител, исто така, вели дека автономијата во летни услови е до 300 километри, додека во зима паѓа на 200 километри.

Унапредениот Renault Zoe својата премиера ќе ја има на претстојниот саем во Женева следниот месец, а продажбата во Франција ќе започне во март, за малку подоцна и на другите европски пазари.