Германскиот BMW е една од првите компании која во своите автомобили ќе интегрира систем за комуникација помеѓу одредени модели (Vehicle-to-vehicle – V2V)

V2V системот автоматски ќе испраќа пораки на предупредување и забавување на возилата со цел спречување на влез во потенцијална опасност предизвикана од несреќа или неочекувано невреме.

Оваа технологија е развиена од страна на холандската компанија Here Technologies, која пред околу три години заедно ја презедоа BMW, Audi и Mercedes, а која е специјализирана за правење сателитски мапи и навигација за автомобили.

Според претставниците на Here Technologies, системот V2V ќе биде застапен во повеќе од 10 милиони автомобили веќе во 2019 година.

Првите BMW возила пакетот Here Safety Services ќе го добијат веќе кон средината на оваа година (автомобили наменети за САД и западноевропскиот пазар), но нема информации дали тоа ќе влијае на цената на возилата.

Софтверот на системот ќе биде поврзан со сензорите на безбедносните ремени во салонот, светлата за магла, автоматските безбедносни сопирачки и контролата на стабилноста.

Системот за сега има две функции. Првата е Here Hazard Warrnings, која ќе испраќа порака со предупредување по ненадејно запирање поради несреќи и екстремни временски услови, предвидени од Here, а другата е Here Road Sings која ќе ги информира возачите за сообраќаен метеж на патот и ограничувањата на брзината.