Германскиот Audi подготвува две нови верзии на кросовер моделот Q2, а првата од нив, според информациите, ќе биде готова веќе до средината на 2018 година

Прво ќе се појави продолжена верзија на моделот – Audi Q2 L, која ќе биде наменета за пазарот во Кина. Кросоверот ќе добие само бензински турбомотори – 1.0 TSI (116 КС), 1.4 TSI (150 КС) и 2.0 TSI (290 КС). Моторите ќе се комбинираат со 6-брзински рачен и 7-брзински роботизиран менувач со две спојки.

Производството на продолжениот Q2 L во Кина веќе е започнато, а Audi веќе работи и на електрична модификација на моделот со оглед дека во компанијата се свесни дека најголемиот пазар во светот постепено се откажува од бензинските и дизел автомобили.

Токму затоа во подготовка е Audi Q2 E-Tron. Електричната верзија, во Кина ќе биде изградена на продолжената модификација, додека на другите пазари за основа ќе се користи стандардниот кросовер. Автономијата на моделот со едно полнење ќе биде околу 500 километри, што ќе овозможи конкурентност со Tesla Model X. Засега не е јасно дали електричната верзија ќе добие на четири тркала.