Aston Martin Vantage – комбинација на стил и моќност / ФОТО

0

По цели 12 години, новиот Vantage конечно е на сцената

Како што е случај и со новиот DB11 V8, погонскиот мотор доаѓа од одделот за изведба на перформантни модели Mercedes AMG. Станува збор за битурбо V8 мотор со волумен од четири литри, кој развива 510 коњски сили и 685 Nm вртежен момент. Преносот на моќ кон тркалата се врши преку ZF осум-брзински автоматски менувач. Сепак, од Aston Martin најавуваат дека ќе биде можно автомобилот да го нарачате и со рачен менувач.

Со тежина нешто повеќе од 1,5 тони, новиот Vantage до стотка забрзува за само 3,6 секунди, додека максималната брзина е 314 km/h. Иако е поставен врз основата на DB11, од Aston Martin тврдат дека во Vantage се вградени повеќе од 70% нови делови, што го прави прво возило на британскиот производител со електронски контролиран диференцијал со ограничено пролизгување. Покрај тоа, Aston Martin ветува и идеална распределба на масата од 50:50.

Во Германија, почетната цена на овој автомобил ќе изнесува 154.000 евра, а ќе биде достапен од март 2018 година.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »